Сaмуел Ето го напушти Мундијалот во прегратка и солзи со еден од најмладите фанови (видео)
- Детали
- петок, 27 јуни 2014
Капитенот на репрезентацијата на Камерун и еден од светски познатите фудбалери, Семјуел Ето со солзи и во емотивна прегратка со малиот навивач од Бразил, го напушти Мундијалот.
Откако Камерун остана со 0 бодови и три порази во својата група, дојде денот кога Камерунците мораа да си заминат.
Во еден ваков момент на големо разочарување, пред да се качат во автобусот,ги пречекале неколку фанови, меѓу кои и едно момче од Бразил, фан на Ето кој сакал да го поздрави, без разлика на сè.
Ето, не само што го поздравил, туку и го прегрнал со насолзени очи. Веројатно и нему му била потребна ваквата поддршка и утеха.
Видео кое допре до многу фанови кои вака се чувствуваа откако нивните фаворити го напуштија Мундијалот:
;