Топ 5 најскапи свадбени торти во историјата на славните венчавки
- Детали
- понеделник, 23 јуни 2014
Веќе одамна е познато дека славните не се по штедењето, барем не кога се работи за нивниот најважен ден и крунисување на љубовта.
Еден од најспектакуларните моменти, покрај венчаницата на невестата и прстените, дефинитивно е свадбената торта со различни вкусови и екстремен изглед.
А, ова се 5-те славни парови кои решија да ги почестат гостите со торти за паметење:
5. Kim Kardashian & Cris Humphries - $20.000
Најпознатата сестра од семејството Кардашијан за свадбата со славниот кошаркар нарача црно-бела торта висока 2.5 метри, прелиена со крем од путер.
4. Eddie Murphy & Nicole Mitchell - $25.000
Еди за својата венчавка со Никол издвои цели 25.000 долари за кристално бела торта прекриена со неколку стотици шеќерни, пастелни рози.
3. Liza Minnelli & David Gest - $40.000
На оваа венчавка се сечела торта висока 3.7 метри, украсена со шеќерни рози. Секој кат бил комбинација од црна и бела основа, додека низ целата торта имало расфрлано сребрени листови.
2. Принцезата Diana и Принцот Charles - $40,000
Принцот и принцезата на својата венчавка имале торта висока 1.5 метри, украсена со шеќерни кринови, орхидеи и рози. Но, ова е само една од 27-те изработени торти за оваа свадбена церемонија.
1. Принцезата Kate и Принцот William - $80,000
Тортата за најпознатиот кралски пар е спој од 8 ката, украсени со многу цвеќе и додатоци од шеќерна паста, помеѓу кои се наоѓаат дури 17 уникатни видови на цветови од Велика Британија.