Ана Ивановиќ најелегантна на забавата пред Вимблдон турнирот (фото)
- Детали
- петок, 20 јуни 2014
Пред почетокот на тенискиот турнир во Вимблдон се одржа гламурозна забава на која најдобрите светски тенисерки се покажаа во едно поинакво, елегантно и гламурозно издание, за разлика од спортскиот изглед кој го гледаме на терените.
Меѓу останатите беше и српската тенисерка Ана Ивановиќ која секогаш важи за една од најубавите. Тоа го потврдува со секоја појава и на терените, но и надвор од нив.
Можеби моментално е на 11-тото место на листата на женската тениска асоцијација, но на црвениот тепих е број еден.
Облечена е во долг црно-бел фустан со портокалови детали околу вратот и на задниот долен дел, креација на Роксанда Илинчиќ.
Погледнете како изгледа и како се забавува: