Детето кое го избегна Меси, доби повеќе од ракување
- Детали
- среда, 18 јуни 2014
Откако насекаде се прошири видеото во кое еден од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси не се поздрави со детето кое му пружи рака, следуваа бурни реакции.
Многумина го обвинија и му замерија, бидејќи такво нешто не смее да му се случи на еден од најголемите идоли во фудбалот за многу деца.
Дури и на пресконференцијата по натпреварот на Аргентина и Босна му беше директно поставено прашањето зошто тоа го направил?
Тој во чудење одговорил дека никогаш не би игнорирал дете бидејќи и самиот има син на таа возраст. Има голема почит и љубов кон децата.
За да го потврди сето тоа и да му се извини на детето го повикал за да се запознаат лично и да се фотографираат.
Така, детето кое можеби за момент било тажно што не се поздравило со Меси, сега е посреќно од кој било, што успеало да се запознае и да се фотографира со својот идол.