После Ријана и Жизел Бундшен позира гола за „Lui“ (фото)
- Детали
- среда, 28 мај 2014
Откако минатиот месец на насловната на францускиот магазин „LuI“, локална верзија на „Playboy“, се појави Ријана во ултра секси издание, овој месец го има најскапиот модел, Жизел Бундшен.
После фотосесијата за „H&M“ и насловната на бразилскиот „Вог“ со Нејмар, прекрасната Жизел позира и пред објективот на дуото Mert & Marcus за „Lui“.
За разлика од целосно разголените фотографии на Ријана, Бундшен е поумерена во провокативните пози и вешто ги прекрива интимните делови, но сепак е доволно секси за да изнуди воздишки.
Седната на гумен црвен делфин во базен со малку вода, без ниедно парче облека и само златни високи потпетици, нема некој што ќе остане рамнодушен на нејзиното извајано тело.
Во јунското издание на магазинот ќе има 12 фотографии од нејзината фотосесија. Ова се само дел од оние направени за време на сликањето: