Згодните Бонд девојки денес се баби
- Детали
- среда, 28 мај 2014
Поминато е повеќе од половина век од првиот филм за Џејмс Бонд, а глумиците кои тогаш биле Бонд девојки, денес се веќе баби. Педесет години плус менуваат многу, но некои успеале да му се спротивстават храбро на времето и да се одржат најдобро што можат.
Сепак, би ги препознале ли денес дека токму тие некогаш биле згодни Бонд девојки?
Урсула Андрес
Урсула денес има 78 години. Таа веќе воопшто не личи на младата убавица која глумела во првиот филм за Бонд „Dr. No“. Урсула со сцената во беж бикини влегла во аналите на светската кинематографија, а многу денешни убавици не можат да измамат толку воздишки како Урсула во 1962 година.
Онор Блекмен
88-годишната Онор во 1964 годила измамувала воздишки на големото платно во филмот „Goldfinger“. Денес изгледа соодветно на годините, ужива во самечкиот живот и сака да гледа фудбал.
Џунис Гејсон
Оваа симпатична бабичка некогаш била вистинска заводничка, а тоа може да го потврдат оние кои го гледале филмот „Dr.No“. Убавицата во црвено денес има 86 години. Иако ја скратила косата и додала неколку килограми, сè уште изгледа како дама.
Маргарет Нолан
Убавата Маргарет во 1964 година ја глумела симпатичната масерка на Џејмс Бонд во „Goldfinger“. Привлекла големо внимание со својата појава, симпатичниот лик и згодното тело. Денес има 70 години, остарена е, но сè уште ја има шармантната насмевка.
Барбара Бах
Барбара станала интернационален секс симбол откако се појавила во филмот „The spy who loved me“ од 1977 година. Тогаш била млада, убава и талентирана, па ретко кого оставала рамнодушен. Денес има 66 години и одлично изгледа.
Клодин Оже
Оваа убавица не само што била Бонд девојка во 1965 година во филмот „Thunderball“, туку таа била и прва придружничка на изборот за Мис на светот во 1958 година. Денес има 73 години и веќе е остарена.
Ширли Итон
Таа со причина се сметала за вистински секс симбол на 60-тите години. Ширли глумела во „Goldfinger“ пред точно педесет години, но оттогаш многу се изменила. Сепак и понатаму останува фактот дека оние постарите сè уште се сеќаваат на оваа убавица, која денес има 77 години.
Ким Бесинџер
Ким има 60 години и одлично се држи, меѓутоа далеку е од таа убавица која глумела во 1983 година во филмот „Never say never“. Глумела покрај Шон Конери и изгледала неодоливо во костумот за капење. После овој филм глумела уште во многу други и станала вистинска ѕвезда.