Тажната приказна за братот на Кристијано Роналдо (видео)
- Детали
- понеделник, 26 мај 2014
На финалето на Лигата на шампиони по неверојатниот натпревар, кога сите „кралеви“ мислеа дека сè е загубено и неочекуваниот пресврт во последната минута од продолжението, а потоа и победничката драма со 3 голови плус во само половина час игра, заслужено го понесоа шампионскиот пехар.
По долги години, Реал ја освои својата рекордна европска титула. Кристијано Роналдо како еден од најзначајните играчи, кој воедно го постигна и последниот гол, по последниот свиреж на судијата истрча до една од трибините на стадионот.
Од таму извлече момче на кого му го даде дресот, го прегрна и заедно го прославија успехот. За сите кои се прашуваа кој е тој среќник, Роналдо ја откри тажната приказна која се крие зад оваа титула и зошто толку многу му значи.
Тоа момче е неговиот постар брат Хуго кој долго време имал проблеми со дрогата и алкохолот, но му ветил на Роналдо, дека ако ја освои десеттата титула со Реал Мадрид, веќе никогаш нема да проба ниеден од овие пороци.
Затоа, Кристијано токму него му ја посвети шампионската титула.