Адријана Лима и Марко Јариќ повторно заедно?
- Детали
- понеделник, 26 мај 2014
Без оглед на тоа што најавија дека се разведуваат, Адријана Лимa и Марко Јариќ повторно се споија заради несреќата во Србија.
Како што веќе најавиле, наскоро во Њујорк ќе организираат хуманитарна вечер на која ќе присуствуваат бројни светски имиња.
- Адријана одлучи во Њујорк да организира хуманитарна вечер за Србија. Таа му се јави на Марко да и помогне и да ги повика неговите славни пријатели, како би учествувале повеќе познати имиња и богати бизнисмени. Исто така се договориле заедно да подарат одредена сум пари, наведува изворот близок до бразилската манекенка и додава дека по одлуката за разводот, ова е нивното прво гледање.
- Тие не се видoа откако го најавија разводот, до пред неколку дена. Адријана беше во Кан, Јариќ во Белград.
Во меѓувреме, кошаркарот од Белград се вратил во нивниот семеен дом во Мајами, каде се дружел со ќерките, а сега таму пристигнала и манекенката.
Раздвоени се, но сите се надеваат дека организираната вечера ќе им помогне да го спасат својот брак.