Свадбата на Ким Кардашијан и Канје Вест се подготвува во Фиренца: Ова се првите фотографии
- Детали
- четврток, 22 мај 2014
Денот речиси пристигна! Во сабота на 24 мај, во Forte di Belvedere во Фиренца, Италија, Ким и Канје конечно ќе го кажат своето судбоносно да. Токму затоа, подготовките се во полн ек.
Случајни минувачи забележаа дека на оваа локација се прават големи подготовки, додека младоженецот и невестата се на 1.100 километри оддалечени, односно во Париз.
„Ова ќе биде бајка за Ким! Канје го има испланирано секој детаљ“, велат блиските пријатели на парот.
Започнувајќи од петок, гостите кои ќе пристигнат на 23. мај ќе бидат сместени во Four Seasons Hotel George V во Париз.
„Точно во 3 часот гостите ќе добијат порака што ќе се случува во остатокот од викендот,“ открива истиот извор.
Следниот ден гостите ќе пристигнат во Фиренца, каде невестата и младоженецот ќе стапат во брак, додека утредента сите гости заедно со Ким и Канје ќе појадуваат во Corsini Villa a Castello, на само неколку километри од дворецот каде ќе се одржи церемонијата.
Останува да ги почекаме првите свадбени фотографии...