Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ ќе се венчаат скромно и со малку гости

Иако нивната венчавка ја очекува целиот свет, сепак тие одлучиле да направат скромна и едноставна церемонија, само со најблиските членови од семејството и кумовите. За жал ќе изостанат сите светски ѕвезди кои очекуваа дека ќе добијат покани.

novak-gjokovik-i-jelena-ristik-ke-se-vencaat-skromno-i-so-malku-gosti-01

Идните младенци сакаат интимна атмосфера, без типична голема православна свадба со над 100 гости, како што е вообичаено во Србија.

Големиот датум ќе биде во јули и ќе се одбележи во Црна Гора на Св. Стефан.

На почетокот се шпекулираше дека на нивната свадба ќе пее Здравко Чолиќ, но не успеале да се договорат. Следен на листата, но сè уште неизвесен е српскиот пејач Мирослав Илиќ, кој со задоволство би прифатил, доколку тоа му биде побарано.

Од она што се дознава во врска со приновата која ја очекуваат е тоа дека семејството Ѓоковиќ, посакуваат женска наследничка.

Новак и Јелена веќе одамна се подготвуваат за она што ги очекува, а досега тој неколку пати изјавува дека едвај чека да му менува пелени на бебето и верува дека новото нешто во нивниот живот ќе биде она што уште повеќе ќе го мотивира за да постигнува поголеми резултати на тениските терени.

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
10 светски ѕвезди кои стареат природно: Никогаш не направиле пластична операција и не жалат за тоа Клаудија Шифер никогаш не користела агресивни методи за да го задржи младешкиот ...
16 ѕвезди кои изгледале „обично“ пред да станат славни (фото) Од Метју Меконахи, преку Џенифер Анистон, до Џон Леџенд и Бруно Марс - како изгл...
Ја запознал на 17 години, ја запросил додека летале со балон: Љубовната приказна на Новак и Јелена Ѓ... „Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си ...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg