Парис Хилтон изумител?
- Детали
- сабота, 25 јули 2009
Холивудската џет-сетерка Парис Хилтон признала дека нејзиниот лик кој се појавува пред камерите е измислен и е нејзино дело како дел од...
...'Парис брендот'.
За времена снимањето на MTV серијалот "Paris, Not France", американската ѕвезда изјавила дека не сака сите да мислат дека таа е само 'празноглава плавуша'.
"Во некоја смисла, тоа е и добро, но навистина не сакам луѓето да ме сметаат за празноглава плавуша. Но тоа е дел
од мојот бренд, поради што заработувам многу пари", изјавила Парис.
Таа исто така открила како ја мачи погрешната перцепција на јавноста поради нејзиниот приватен филм, бидејќи, како што таа вели, луѓето ја сметаат за проститутка и имаат погрешна слика за неа.
Исто така признала дека креаторите на документарецот "1 Night In Paris" без нејзино знаење ги искористиле нејзините приватни снимки. "Не знаев дека секс снимката ќе биде искористена. Многу ми е тешко...Не можам да верувам дека и тоа го дочекав, бидејќи мислев дека ќе го скратат тој дел", вели Парис.
Медиумите неодамна објавија дека наследничката на хотелското царство никогаш немала намера да ја пушти во јавност видео снимката каде има секс со своето поранепно момче Рик Саломон.