Светски ѕвезди како близначки: Кој на кого личи?
- Детали
- понеделник, 05 мај 2014
Иако велат дека убавината е релативна, сепак се чини дека во светот на познатите постојат критериуми. Ако погледнете подобро во холивудскиот свет, ќе сфатите дека не постојат случајности, а скоро секоја од ѕвиздите има двојничка.
1. Зои Дешанел и Кети Пери
Ги красат различни таленти, едната е глумица, другата пејачка, а имаат премногу слични црти на лицето. Големи сини очи, симпатичен подигнат нос и густа долга темна коса. Ако работеа и иста професија сигурно тешко ќе се разликуваа.
2. Кира Најтли и Натали Портман
Овие две глумици имаат неверојатно слична физичка градба, нежните црти на лицето и благиот поглед се нешто што ве збунува кога гледате некоја сцена и се обидувате да ви текне на точното име.
3. Камерон Дијаз и Хелена Кристенсен
Убавата глумица и славниот супермодел се познати по својот неодолив поглед, како и изразените јаболчници се она што ги поврзува. Иако Камерон почесто е русокоса, па може да се разликува, сепак во времето кога беше бринета изгледа како да ѝ е сестра близначка на четири години постарата Хелена.
4. Марлен Фавела и Џесика Алба
Убавината на мексиканската глумица Марлен Фавела, лесно ѝ конкурира на популарната Џесика Алба. Прекрасното лице, брановидната фризура и насмевката која освојува е она што ги краси овие холивудски убавици.
5. Џулија Робертс и Кира Сеџвик
Нагласен шпицест нос, прекрасна холивудска насмевка и долга брановидна коса се само мал дел од физичките карактеристики кои ги поврзуваат.
6. Нели Фуртадо и Кортни Кокс
Ситна градба, блед тен , темна коса, мали очи и тенки усни се забележуваат и кај двете дами кои неспорно личат една на друга.
7. Пенелопе Круз и Паз Вега
Освен тоа што се и двете атрактивни Шпанки, овие две убавици имаат зачудувачки слични црти на лицето. Нагласен нос, големи темни очи, како и неодоливите усни се нивните адути.