Круната не ја промени Кејт: Тригодишнина од кралскиот брак на војводата и војвотката од Кембриџ
- Детали
- среда, 30 април 2014
На 29 април, пред три години, во 2011 година, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го кажаа судбоносното „Да“. Од тогаш до сега се променија многу работи: Кејт ја доби круната и титулата војвотката од Кембриџ, стана модна икона, го роди малиот Џорџ. Но, во суштина таа остана истата девојка.
Кетрин Елизабет Мидлтон е првата принцеза која потпиша предбрачен договор. Со оглед на тоа што се омажи на нејзини 29 години, таа е и најстарата принцеза во историјата на кралското семејство. Токму поради својата зрелост таа претставува идеален избор.
Почетокот на нивната врска изгледа како од филм. Се запознале на факултет, Кејт како и многу девојки била вљубена во принцот, а се зборува дека во својата студентска соба имала и неколку постери со него.
Подоцна тоа не сакала да го признае, тврдејќи дека постерите биле заради фармерките Levis, но премногу е наивно да се поверува кога нив ги носел токму принцот Вилијам.
Се трудела на секој можен начин да го привлече неговото внимание и тоа ѝ успеало во 2005 година, кога ја започнале нивната врска.
Сепак, не било сè така бајковито и идеално, па во 2007 година раскинале, поради тоа што Вилијам не ѝ обрнувал доволно внимание.
Откако раскинале Кејт се обидувала да се забавува, да излегува со други момчиња, но повторно со единствена цел да го привлече вниманието на принцот.
Веројатно не требало премногу да се труди, бидејќи и тој бил вљубен во неа, па за кратко, повторно биле заедно, а на 29 април 2011 година ја крунисаа и својата љубов со брак.
Облечена во венчаница од модната дизајнерка Сара Бартон, во кочија и со наследен прстен од принцезата Дијана, Кејт го остварила сонот, од ќерка на пилот и стјуардеса да стане принцеза.
Сепак, бидејќи нема кралско потекло, таа ја нема официјалната титула принцеза, иако целиот свет ја гледа така.
Убава, одмерена, секогаш со стил, блиска со луѓето и вистинска наследничка на покојната принцеза Дијана.
Без разлика на круната, титулите, богатството, таа сè уште е девојка од соседството која знае да вози велосипед по улиците на Лондон, да вежба за да ја одржи линијата, да воспоставува контакт со луѓето и да биде непосредна. Токму затоа сите ја сакаат и претставува идол на многумина.
За тригодишнината од бракот принцот Вилијам ѝ подарил рачен часовник вреден 5.950 долари од марката „Cartier“ украсен со сафири исто како венчалниот прстен кој го носи.
Романтичниот принц ја изненадил и со турнејата низ Нов Зеланд и Австралија каде беа во неформална посета, уживаа и се дружеа.
За тоа дека знаат да бидат обични, природни и спонтани се гледа и од многу случајно доловени моменти низ фотографии: