Принцот Џорџ ги засени Кејт и Вилијам за време на посетата на Нов Зеланд
- Детали
- понеделник, 07 април 2014
Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт со синчето Џорџ се на 19-дневна турнеја во Австралија и Нов Зеланд. Слетале во Велингтон каде биле пречекани од новозеландскиот премиер сер Џери Мејтпар, како и целата група Маори кои ги извеле своите вообичаени ритуали за добредојде.
За почетокот на големата австралиска турнеја, Кејт одбрала креација со потписот на Кетрин Вокер, омилената креаторка на Лејди Дајана.
Силно црвен мантил украсен со двојна низа сребрени копчиња со должина до под колена, широко црвено здолниште под него со иста должина и соодветна мала шапка на главата, креирана од Џина Фостер.
На левата страна има прикачено сребрен брош во облик на папрат, исполнет со дијаманти и платина и е дел од колекцијата на кралицата Елизабета Втора.
Во рацете го држи малиот принц Џорџ кој е облечен во бело џемперче со бела кошула под него и бели кратки панталончиња.
Принцот Вилијам, пак, е во класичен темно син костум и темно црвена вратоврска со бела кошула.
Стилско и модерно семејство на секое појавување.