Која е жената која го освои Џорџ Клуни?
- Детали
- четврток, 20 март 2014
Џорџ Клуни, најзгодниот ерген во Холивуд, во изминативе неколку месеци изгледа како да го промени статусот на вечен самец.
Неговата нова „пријателка“, Амал Аламудин, има 36 години и е жена која сама успеала да создаде адвокатска кариера.
Клуни и Амал за прв пат беа видени во октомври во Лондон, на специјалната проекција на филмот „The Monuments Men“, а пред само неколку дена се фотографирани заедно во Танзанија.
Сигурно веќе се прашувате: Која е најзначајната жена во животот на Клуни?
Врвно образование и адвокатска кариера
Амал Аламудин е адвокат, стручно лице за меѓународно право. Дипломирала на универзитет во Њујорк.
Арапска и Француска крв
Амал е родена во Либан, но во себе има и француска крв.
Најубавата адвокатка во Британија
Минатата година Амал се најде на листата на „21 најубави адвокати во Лондон“, според магазинот Your Barrister Boyfriend.
Се разликува од сите бивши на Џорџ Клуни
Оваа жена пред врската со Џорџ Клуни на ниту еден начин не беше дел од светскиот шоубиз. И токму тоа ја одвојува од неговите претходни партнерки.
За разлика од неа, бившата девојка Стејси Киблер беше модел и актерка, додека првата сопруга Талија, со која беше во брак од 1989 до 1993, исто така се занимаваше со актерство.