Големото финале на „Танц со ѕвездите 2“ е закажано за 24. март
- Детали
- петок, 14 март 2014
Продукцијата „Дрим Фактори“ и МРТ со голема чест ви го најавуваат финалето на втората сезона на најпопуларното домашно телевизиски шоу „Танц со ѕвездите“.
Професионалната танчарка Јована Василева и кајакарот Атанас Николовски со 300 гласови повеќе ги победија Илија Карадакоски и Марјана Станојковска во првата сезона на „Танц со ѕвездите“.
Викендов ќе дознаеме кои две танцови двојки ќе продолжат и ќе се борат за победа во големото финале на втората сезона кое е закажано за понеделник, 24. март 2014 година.
Со почеток во 20:15 часот, во сабота (15. март) ќе се емитува последната елиминациона емисија во која уште една танцова двојка ќе го напушти шоуто, а двете останати ќе се борат за победа во финалето.
Како потсетување, победата во првата сезона на Атанас и Јована им донесе ваучери во вредност од 1500 евра за егзотично патување.
Ова се двојките кои останаа:
1. Димитар Атанасовски и Јована Василева
2. Наташа Илиевска и Даниел Кимовски
3. Сара Мејс и Мишо Спасовски