Славни ѕвезди кои никогаш не го завршиле школувањето
- Детали
- четврток, 13 март 2014
Некои холивудски ѕвезди имаат високо образование, додека некои уште во раната младост одлучиле дека се премногу забавни за да завршат училиште.
Тоа не значи дека не се талентирани или паметни, само кариерата им била позабавна од час по физика.
Камерон Дијаз училиштето го напуштила затоа што сакала да биде манекенка, па потпишала договор со Elite Modeling агенцијата на само 16 години.
Рајан Гослинг на само 17 години го напуштил школувањето за да стане познат холивудски заводник.
Кристин Стјуарт започнала да се занимава со актерство уште од мали нозе, па заради тоа никогаш не го продолжила школувањето.
Кога се работи за Џони Деп, не се сомневавме дека бил млад бунтовник. На 15 години тој го напуштил училиштето за да биде дел од рок бенд, но кога оваа идеја му досадила, ги искористил познанствата за да изгради кариера како актер.
Можеби Даниел Редклиф беше ученик на Хогвартс, но кога неговото образование е во прашање, се откажал уше во раното детство, затоа што како тој објаснува бил очаен.