Кралскиот одмор на Кејт и Вилијам (фото)
- Детали
- понеделник, 10 март 2014
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам немаат многу прилики за да се одмораат далеку од очите на јавноста, но кога ќе се решат за нешто такво, тогаш мора да биде посебно.
Како што објавува магазинот „People“, познатиот британски пар моментално се наоѓа во една вила на Малдивите, каде планира да остане околу една недела.
На ова патување се без малиот принц Џорџ, кој наскоро треба да го прослави првиот роденден.
Ноќевањето во преубавата луксузна вила со неверојатен поглед, која е вистински рај, чини 2100 долари.
Се разбира, нема нешто што кралското семејство не може да си го дозволи.
Ѕирнете како изгледа местото каде што уживаат Кејт и Вилијам: