Првиот трејлер за „Grace of Monaco“: Никол Кидман како принцезата од Монако
- Детали
- понеделник, 10 март 2014
Филмот кој зборува за животот на Грејс Кели откако се омажила за принцот од Монако предизвикува многу внимание во јавноста, а дополнително интересирање буди фактот што оскаровката Никол Кидман ја глуми преубавата глумица и принцеза.
Може да се очекуваат многу интриги и пресврти во остварувањето каде Грејс Кели се опишува како добра, благородна и интелигентна личност која има проблем со идентитетот, растргната меѓу успешната филмска кариера и улогата на принцеза.
Принцот Раинер го глуми актерот Тим Рот, а премиерата на филмот Grace of Monaco се очекува во мај оваа година.
Веќе го има првиот трејлер од овој филм кој најдобро прикажува за какво филмско остварување се работи: