Шварценегер направи сендвич со 80.000 калории, но кој може да го изеде?
- Детали
- понеделник, 10 март 2014
Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер бил гостин во едно кулинарско шоу на канадска телевизија, успеал да подготви несекојдневен оброк.
Сендвичот кој тој го направил има 80.000 калории кои за еден човек се доволни во текот на 40 дена. Но, за Шварценегер тоа е само обичен голем оброк.
Некогашниот гувернер на Калифорнија и холивудски актер заедно со екипата на шоуто „Epic Meal Time“ подготвувале висококалоричен оброк на тенк.
Употребиле леб со вкупно 9.840 калории, кашкавал со 13.125 калории, сланина со 32.215 калории, јајца од ној и уште некои дополнителни состојки. На крај, целиот овој оброк имал 78.583 калории и 4.172 масти.
Погледнете го видеото за да ја видите подготовката:
Би можеле да го изедете овој сендвич?