Ријана ја враќа во мода малата торбичка околу струкот
- Детали
- среда, 05 март 2014
Ѕвездата од Барбадос во последно време постојано се појавува во интересни и храбри модни изданија со кои ги засенува своите колешки.
На последното појавување одлучила да облече целосен комплет костум од „Шанел“, чијашто ревија ја следеше од првите редови.
Интересен моден детаљ кој не остана незабележан на неа е малата торбичка околу струкот, која беше популарен моден додаток во 90-тите.
Ријана својот тенок струк го истакнала со корсет кој е составен дел од оваа „Шанел“ креација, а за да изгледа уште пооригинално наместо високи потпетици, облекла патики во ист дезен како костумот со потпис од истиот бренд вредни 3.000 евра.
Модните критичари не изоставиле, а да забележат дека нејзината коса изгледа посебно здраво и убаво, а очилата за сонце се вистински моден погодок.
На овој изглед, Ријана му дала и личен печат кој го одразува нејзиниот стил - мал златен револвер со циркони прикачен на торбичката и нараквица со големи бисери.
После модното шоу заедно со манекенките се забавувала во прошетка низ супермаркет и на фотографите им приредила вистинско уживање.
Погледнете како изгледа и како се забавува Ријана: