Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Темниот Витез со најгледан викенд во историјата на филмот!

batman_small.jpgТемниот Витез (The Dark Knight), вториот дел од Бетмен сагата на режисерот и сценарист Кристофер Нолан ги покори благајните имајќи наголем викенд во историјата на кинематографијата со направени над 65 милиони долари првиот ден и со 157 милиони за целиот викенд.

The Dark Knight ги оправда очекувањата на најдобар можен начин со успех како кај публиката, така и кај критиката која веќе го споредува соbatman1.jpg легендарниот Кум 2, како најдобро продолжение на игран филм.

Batman Begins пред три години остави одличен впечаток меѓу фановите на мрачниот стрип херој, па затоа се очекуваше неговото продолжение The Dark Knight да оствари голем успех, меѓутоа овие бројки ги изненадиле дури и самите продуценти на филмот.

Интересно е да се каже дека имало толкава побарувачка за карта повеќе што филмот се прикажувал сите 24 часа, па дури биле распродадени и прикажувањата на филмот во 1, 3 : 30 и 6 часот наутро.

Главните јунаци ги играат Кристијан Бејл, кој ја репризира улогата на Бетмен, покојниот Хит Леџер маестрално го преставува главниот негативец Џокер и Арон Екхарт како државниот обвинител/негативец Харви “Две лица” Дент (2 Face).

За жал, иако во цел свет со нетрпение се очекува и се гледа овој филм, кај нас нема никакви најави за негова презентација.

 

batman3.jpg

Би можело да ве интересира:

Почина Лиам Пејн од One Direction – Ја уништил хотелската соба, па паднал од третиот кат во хотел во... Непосредно пред падот од хотелската соба вработените викнале полиција, кога прис...
Славни дами кои драстично го променија модниот стил (на подобро) Ким Кардашијан направи огромна трансформација на модниот стил, особено по развод...
Дeтали за долгата битка со зависност од дрога и алкохол на Лиам Пејн, пред трагичната смрт на 31 год... Минатата година, Лиам Пејн се пофали дека е трезен 100 дена и дека конечно се ос...
Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека ...
8 пати кога славните имаа непријатна ситуација со стајлингот (без око да им трепне) Ирина Шајк продефилира со фустан пукнат по рабови, Кира Најтли на црвен тепих по...
Тејлор Свифт фатена на дело - си го исекна носот во рака и се брише од облеката среде настап (видео) Си го секне носот во рака, се брише од облеката, ги лиже мрсулите... Тејлор Свиф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg