Анџелина Џоли, Бред Пит, Џенифер Лоренс и Ен Хатавеј како презентери на Оскарите
- Детали
- четврток, 27 февруари 2014
На 2 март, во недела нè очекува 86-тото доделување на Оскарите кое се очекува да биде едно од најгламурозните.
Продуцентите на доделувањето на овие филмски награди се погрижиле да ги соберат сите холивудски ѕвезди на едно место или како номинирани, добитници или како презентери.
Неизбежни се оние кои ги привлекуваат сите погледи каде и да се појават, Анџелина Џоли и Бред Пит.
Годинава тие ќе се појават во улога на презентери, а покрај нив ќе се појават и Кевин Спејси, Вупи Годберг, Џејми Фокс, Пенелопе Круз, Роберт де Ниро, Џон Траволта, Ен, Хатавеј Семјуел Л. Џексон, Вил Смит, Наоми Ватс, Кејт Хадсон и Ејми Адамс.
Ејми Адамс и Џенифер Лоренс ќе имаат особено тешка задача, бидејќи покрај тоа што се презентерки, тие се и номинирани за главна и споредна улога во филмот „American Hustle“
Возбудлива вечер преполна со ѕвезди и гламур која ќе ги одбере најдобрите во светот на филмот за 2013 година.