Кејт Мидлтон доби конкуренција: Запознајте ја принцезата Салва Ага Кан
- Детали
- петок, 21 февруари 2014
Кендра Спирс, односно познатата принцеза Салва Ага Кан, која минатиот месец се омажи за син на британски милијардер, не престанува да го изненадува светот. Покрај титулата принцеза, Кендра не престанува да се бави со моделинг...
Оваа принцеза од минатата година привлекува внимание баш како и познатата Кејт, но нејзиниот живот значително се разликува.
Принцезата Алва Ага Кан е всушност 25-годишен врвен модел чие правилно име е Кендра Спирс. Магистрирала на универзитетот во Вашингтон, а пред 6 години учествувала на изборот за Мис на светот.
Кендра е дел од неколку успешни кампањи на познати брендови како Келвин Клајн, Шанел, Ив Сен Лорен, Живанши.
Ниту како принцеза не се одрекува од модата, па минатата година се појави во шпанскиот Вог, а моментално учествува во новите кампањи на Армани и Мошино.