Мали тајни на ангелите од „Викторијас Сикрет“ кои не сте ги знаеле

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-01

Згодните манекенки со раскошна убавина воодушевуваат со секој чекор на модните писти, но надвор од неа тие се нормални жени. Секоја зад себе има нешто што не е многу познато во јавноста.

Дознајте некои интересни работи од животот на овие секси ангели

Адриана Лима

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-1

Српската снаа и една од најубавите модели во светот за својата егзотична убавина може да се заблагодари на комбинацијата гени од сите страни на светот. Таа има африканска, швајцарска, јапонска и индијанска крв. Лима исто така зборува повеќе јазици и се надева дека еден ден ќе стане педијатар, кога ќе ја заврши манекенската кариера.


Алесандра Амбросио

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-2

Оваа заводничка во текот на растењето имала две најизразени особини: исклучително долги нозе и клемпави уши. Кога имала 11 години направила пластична операција на ушите, но нозете ја довеле до самиот врв во светот на модата. Позната е и како вистински филантроп.


Бехати Принслу

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-3

Бехати денес е позната по феноменалното тело и насмевката со која освојува, но малку се знае дека кариерата ја започнала како модел за стапала. Уште еден помалку познат факт е дека нејзиниот татко е отец во црковен манастир во нејзината родна земја Намибија.


Лили Алдриџ

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-4

Веројатно не сте знаеле дека Лили доаѓа од семејство во кое многумина се занимавале со манекенство. Нејзината мајка, Лаура Лајонс своевремено била „плејбој зајачица“ на месецот, а нејзината полусестра Сафрон била заштитно лице на модната куќа „Ралф Лорен“ во деведесеттите години. И тоа не е сè! Нејзината родена сестра била заштитно лице на брендот „Марк“ на Марк Џејкобс. Изгледа манекенството им е во крвта.


Карли Клос

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-5

Трите омилени хобија на Карлина се: велосипедизам, балет и месење тесто. Таа едно од своите хобија го претворила и во бизнис. „Karlie`s cookies“ е компанија која продава колачи и од приходите им помага на гладните деца ширум светот.


Ерин Хедертон

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-6

Оваа згодна Американка некогаш била вистинска спортска ѕвезда. Играла кошарка за своето средно училиште и била толку добра во тоа што сериозно размислувала со тоа да се занимава цел живот. Меѓутоа, го одбрала манекенството. Ерин признала и дека особено сака да гледа тв - програми за уредување на домот и градината.


Дауцен Крос

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-7

Во еден од најраните ангажмани Дауцен позирала како асистентка на магионичар кој го правел трикот за „пресекување на пола“. Но, тоа не е единствената интересна работа на оваа убавица . Таа пишувала и колумна за холандскиот магазин „Мари Клер“.


Кендис Свонпул

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-8

Оваа манекенка од Јужна Африка му „фатила око“ на еден ловец на модели на пазар во Дурбан кога имала само 15 години. Течно зборува португалски и африкаанс (јазик сличен на холандскиот кој се зборува во Јужна Африка и Намбија). Португалски научила од момчето, Херман Николиј со кој се забавува од седумнаесет години.


Миранда Кер

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-9

Миранда била прва Австралијка која прошетала со познатите крилја на Викторија. Можеби не сте знаеле дека Кер има своја линија производи за нега на кожата „Кора Органикс“ и дека напишала книга за самопочитта кај тинејџерите со наслов „Ценете се себе“.


Тајара Бенкс

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-10

Поранешниот ангел на Викторија моментално работи на телевизија, но она што не е толку познато е дека таа многу порано се има појавено на тв екраните во популарната серија „Принцот од Бел Ер“. Таа тука се појавува како Џеки Ејмс, стара пријателка на Вило.


Хајди Клум

mali-tajni-na-angelite-od-viktorijas-sikret-koi-ne-ste-gi-znaele-11

Таа е прва Германка меѓу ангелите. За „Викторијас Сикрет“ се појавувала на пистите дури 13 години, а во 2011 година „Форбс“ ја смести на второто место на најплатени модели во светот, веднаш зад Жизел Бундшен.

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg