По 10 пластични операции открила: Докторот ме натера на промени!
- Детали
- вторник, 28 јануари 2014
Поминаа повеќе од 3 години од кога Heidi Montag отиде под нож и направи 10 естетски корекции во само еден ден. Бившата ѕвезда од реалното шоу The Hills за прв пат и откри на јавноста како стигнала до сите тие корекции.
Во емисијата The View, Монтаг откри дека имала закажано само 2 пластични операции кај докторот Frank Ryan, сè додека тој не го променил целиот тек.
„Сè што сакав е да имам корекција на носот и малку поголеми гради. Кога влегов во ординацијата, докторот започна да ми раскажува што треба да променам. Би требало да ги подигнеш веѓите, да го стенчиш вратот и да ја скратиш брадата,“ открива Хајди.
„До тој момент не ни знаев што значи подигнување на веѓи и корекција на брадата. Кога ми објасни дека имам многу недостатоци, ми даде одлична понуда, но не ме предупреди колку тоа ќе боли.“