Ѕвезди кои успешно се изборија со анорексијата и булимијата (фото)
- Детали
- среда, 22 јануари 2014
Пореметувањата во исхраната се секојдневие на славните, кои по секоја цена сакаат да ја одржат својата фигура со изгладнување.
Со овој проблем се соочија огромен број на млади и познати ѕвезди, но поголем дел од нив успеаја да се изборат со слабото тело, нездравиот живот и фустаните кои едвај стоеја на нив.
Прва на оваа листа е Деми Ловато која јавно зборува за нејзините проблеми со исхраната.
„До 8 години бев заљубена во секоја храна. Постојано се прејадував. Но, во следните 10 години имав доста нездрава врска со храна.“
Во 2010 година Деми беше конечно излечена од булимијата од која неколку години патеше.
Кели Кларксон во 2007 година призна дека си го уништила животот, кога помалку талентирана пејачка и ја украла нејзината улога заради тоа што имала нездрав начин на живот.
„Мислев дека доволно ќе биде да сум слаба за да бидам послатка од сите останати. Но, изгледа бев глупава. Така станав булимична во следните 6 месеци...“
Лејди Гага исто така неодамна откри дека победата над булимијата и го спаси гласот.
Уште од мала, Лејди Гага очајно посакувала да стане балерина, па уште од рана возраст одбивала да ја јаде својата вечера, а со текот на времето нејзиниот апетит се намалувал. Сè додека не побарала стручна помош на само 16 години.
Актерката и модна икона Џесика Алба исто така ги призна своите проблеми со исхраната.
И покрај тоа што важи за една од најсексапилните жени во светот, таа некогаш тежела само 45 килограми.
Во 2006 година низ светот започнаа да се шират вестите за анорексијата на Никол Ричи, кои се повторија пред само неколку месеци
Откако загуби половина од својата тежина за само 6 месеци, Никол Ричи била под посебна исхрана повеќе од 1 година и била изложена на стотици третмани кои едвај успеаја да и го вратат телото во нормала.