Гол на -30 чита книга?!
- Детали
- четврток, 09 јануари 2014
Оние кои ја следат серијата „True blood“ веројатно не ја заборавиле премиерата на неговото голо тело, легнат на лежалка со очила за сонце како чита.
Еве го повторно, шведскиот русокос глумец Александер Скарсгард, кој на својот Инстаграм профил објавил слика, потполно гол на сред Антарктик како чита книга.
Фотографијата ја споделил еден од главните водачи на групата која патува 320 километри до Јужниот Пол за да соберат хуманитарни средства за воени жртви. Во оваа група учествува и принцот Хари.
Меѓу другото претпоставките се и дека веројатно она што го чита е скрипта од седмата сезона на серијата „True blood“, па ова може да послужи како добра маркетинг најава.