Добра вест за сите кои стравуваа од најлошото: Шумахер надвор од животна опасност?
- Детали
- среда, 08 јануари 2014
Откако викендот почнаа да се шират различни информации за неговата состојба, полека пристигнуваа различни гласини до медиумите.
Првично, според изјавата на негов близок пријател кој ги пренесе коментарите на неговиот хирург и семеен пријател, утврдил дека неговата состојба е се уште сериозна, но дека животот не му е во опасност.
На ова се надоврзува и вчерашната изјава на неговата портпаролка која за медиумите која изјавила дека итната критична состојба кога не се знаеше дали ќе преживее, веќе е помината.
Но, сè уште постои опасност за влошување, иако сите се надеваат за побрзо заздравување. Таа нагласува дека сега ќе почне долг, многу долг процес на закрепнување. Тој е сè уште во кома, но состојбата му е стабилна и без компликации.
Потребно е трпение и време за сè да биде во ред. Од сите страни пристигнуваат пораки за брзо закрепнување, а се очекува и деталниот извештај од камерите на неговата кацига за да се утврдат точните причини за падот.
Она што е позитивно и дава најголема надеж е тоа што поради неговиот спортски дух и начин на живот, кардиоваскуларниот систем му е многу поздрав и помоќен за разлика од останатите просечни мажи на негова возраст.
Сето тоа е во прилог на надежта за побрзо закрепнување на Формула 1 светскиот шампион, Михаел Шумахер.