Ева Лонгорија веќе стана најсекси жена за 2014 година
- Детали
- среда, 08 јануари 2014
Атрактивната актерка е единствената жена која успеа 2 пати по ред да се искачи на врвот на листата за најзгодна жена, во 2005 и 2006 година.
Иако е на прагот на петтата деценија, Ева Лонгорија изгледа подобро од било кога и тоа го покажа на насловната страна на магазинот Maxim, кој уште еднаш ја прогласи за најсекси жена на годината која штотуку започна.
Актерката позираше во лесна, бела блуза, бујна коса и провокативна поза. А, откако ја заскокотка фантазијата на јавноста, откри дека е сосема поинаква во домашни услови:
- Луѓето секогаш се изненадуваат кога ќе ме запознаат каква домаќинка сум. Кога ќе ја видите секси насловната страна и кога ќе ја споредите со моја приватна фотографија, потребни ви се неколку минути за да ги споите тие две појави.