Перчоли наместо на „Х – фактор“, повторно пее на улица (видео)
- Детали
- понеделник, 30 декември 2013
Натпреварувачот на „Х – фактор Адриа“ се врати повторно на своето старо место и пеењето на улица. Петар Јојиќ Перчоли е познат по тоа што пее песни од Здравко Чолиќ, но и многу потсетува на популарниот пејач.
За жал, не се пласираше во понатамошните емисии за настапите во живо. Сепак, тој не се откажува од пеењето и се врати онаму каде што почнал, на Кнез Михајлова улица во Белград.
Момчето кое има само 18 години ги забавува минувачите во најпрометната улица и заработува од оставените парички. Можеби некој ќе препознае поинаков Х-фактор и ќе знае да го искористи неговиот талент за да го претвори во вистинска ѕвезда.
Она што е позитивно од целиот процес, иако не продолжи понатаму е тоа што сега многу повеќе луѓе дознаа за него и многу повеќе го препознаваат. Оној кој навистина има талент ја наоѓа својата публика.
Еве како изгледа неговиот настап