„Пријатели” конечно ќе се обединат?
- Детали
- среда, 25 декември 2013
Иако сè уште не е познато дали наредната година ќе се сними филм или продолжение на серијата, постојат големи шанси познатата шесторка повторно да работи заедно.
Често пати во медиумите се погодуваше дали ќе дојде до повторно обединување на 6те легендарни ликови од Пријатели.
Како што наведува американскиот магазин ОК!, шесте пријатели од Њујорк ќе се соберат на 20-годишнината од снимањето на првата епизода, но постојана препрека за тоа била успешната кариера на Џенифер Анистон.
Иако се уште не е познато дали ќе се снима продолжение или филм, судејќи по сегашната ситуација, освен Џенифер, на улогите ќе им се вратат и Дејвид Швимер, Мет Лебланк, Метју Пери и Лиса Кудроу, која своевремено изјави дека повторното собирање ќе биде бесмислено.
За снимањето на нови епизоди се шпекулира уште од 2006 година, три години по емитувањето на последната епизода, па се надеваме дека идната година конечно ќе се случи.
Во меѓувреме, уживајте во незаборавните моменти од Пријатели: