Х Фактор: Тамара Милановиќ фаворит на Скот Милс?

За тоа дека „Х фактор Адриа“ е најпопуларно шоу зборува податокот дека на социјалните мрежи сè уште се зборува за првата епизода во куќата на судиите кога се дознаа финалистите од групите на Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ.

skot-mils-ja-pofali-tamara-milovanovik-01

Посебно внимание на социјалните мрежи привлече коментарот на гостинот на Кики, Скот Милс, познат радиоводител од Велика Британија, кој на Твитер за време на емисијата го објави настапот на Тамара Милановиќ и напиша коментар: „Сериозна Х фактор фаца!“

Таа за разлика од првата аудиција кога ја пееше емотивната балада од Адел  „Don`t you remember“  и со својот настап ја расплака Емина Јаховиќ, овојпат избра повесела песна.

На аудицијата пред менторот Кики Лесендриќ и неговиот гостин Скот Милс ја отпеа „Hajde da“ од Беби Дол.

Со интересната изведба и одличната контрола на гласот и ритамот ги освои симпатиите на двајцата.

Во коментарот при соопштувањето на одлуката Кики ѝ ги пренесе импресиите и ѝ откри дека во неа виделе дијамант кој допрва треба да се обликува.

Скот Милс изразил особено задоволство за поканата од Кики да му биде гостин и да му помогне во изборот на 3 девојки финалистки од групата до 27 години.

„Мило ми е што Скот ја прифати мојата покана. Неговото познавање на музиката е фасцинантно. Познато е дека Скот работел со светски изведувачи, бил главен гостин на турнејата на Роби Вилијамс, а неговото радиошоу на BBC Radio 1 е една од најслушаните емисии во светот.Штом дознав дека сум избран да бидам судија во „Х - фактор“ ми беше логично, како врвен професионалец и мој голем пријател, да го поканам како гостин – ментор. Благодарен сум што ми помогна во донесувањето на тешките одлуки“. – изјавил Кики Лесендриќ.

Погледнете го уште еднаш настапот на Тамара:

Би можело да ве интересира:

Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Тамара и Мачка, Рики Мартин и Џуан Џозеф - Разводи што ја одбележаа 2023 година Кои познати личности одлучија да стават крај на браковите во 2023-та година (и д...
Тамара Тодевска ги испрати децата на училиште, по враќањето од одмор со саканиот Лука и целото семеј... Партнерот на Тамара постојано е дел од сите семејни собири, па така беше и со од...
Коцкање, тепачки, афери – Мрачната страна на Мајкл Џордан Со првата сопруга се разведе бидејќи наводно ја изневерувал, а во една пригода м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg