Погледнете го целосното шоу на Victoria’s Secret 2013 (видео)
- Детали
- четврток, 12 декември 2013
Гламурозното и спектакуларно шоу на Victoria’s Secret за 2013 година кое беше снимено кон средината на ноември, премиерно беше прикажано пред само 2 дена.
На сцената на оваа ревија која секоја година се претвора во поголемо шоу се појавија 40 внимателно одбрани модели.
Во согласност со шесте тематски одвоени целини - „British Invasion“, „Birds of Paradise“, „Shipwrecked“, „Pink Network“, „Parisian Nights“ и „Snow Angels“, тие презентираа 67 уникатни неодоливи костими.
За музичкиот дел беа задолжени Тејлор Свифт, A Great Big World, Fall Out Boy и Neon Jungle, кои одлично се вклопија на светкавата писта преполна сексапил и заводливост.
Во продолжение, уживајте во целосното шоу: