Ќе се снима 3-то продолжение на „Сексот и градот”?
- Детали
- вторник, 10 декември 2013
Дали на големите екрани наскоро ќе го гледаме третото продолжение на Сексот и градот? Омиленото прашање кое веќе подолго време ја мачи женската публика.
Иако Синтија Никсон најпрво ја отфрли идејата, како што времето минува Кристин Дејвис открива сè повеќе.
Кристин, која ја толкуваше улогата на Шарлот, јавно призна дека дамите посакуваат да го снимат и третото продолжение.
„Ќе поразговарам со Синтија кога ќе ја сретнам нареден пат! Не мислам дека третиот филм е нешто невозможно, постојат и разговори за тоа. Сепак, не знам дали и кога ќе дојдеме до конечен договор. Би било навистина возбудливо да се случи такво нешто,“ изјавила Кристин во најновото интервју.
Дали и вие посакувате да го видите третиот дел на Сексот и градот?