Луксузната колекција автомобили на Кристијано Роналдо (фото)
- Детали
- четврток, 05 декември 2013
Едно од многубројните хобија на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо , е собирање луксузни автомобили.
Покрај тоа што сите го знаат како ѕвезда на Реал Мадрид, познат е и по посебното воодушевување кога зборува за луксузни и скапоцени автомобили.
Овој популарен фудбалер не се задржува долго на еден автомобил. Тој има своја приватна гаража со голем простор во кој може да ги смести сите свои автомобили од соништата.
Уште кога им се придружи на Манчестер Јунајтед, неговата плата порасна, така што од тогаш започна со остварување на неговиот сон и желбата да поседува бројни автомобили.
Неговата колекција доста се зголеми во текот на годините. Денес има 20 автомобили на кои потрошил нешто повеќе од 4.912.000 долари и се уште не запира.
Најскапиот автомобил кој го поседува е Bugatti Veyron, кој чини околу 1.700.000 долари.
Сите автомобили кои ги поседува се луксузни, скапоцени и навистина несекојдневни. Нешто за што обичниот човек може само да сонува.
Погледнете ги сите автомобили на Роналдо: