Колку животни настрадале за време на снимањето на најпопуларните филмови?
- Детали
- вторник, 03 декември 2013
Тигарот од филмот „Животот на Пи“ за малку ќе се удавел, а 27 животни умреле за време на снимањето на „Хобит“. Откријте ја шокантната вистина која се крие зад реченицата: „Ниедно животно не е повредено во текот на снимањето на овој филм“.
Американската хумана асоцијација е задолжена за грижата за животните „ангажирани“ во некој филм, но неодамна откриените податоци укажуваат на тоа дека оваа организација вложила поголем труд во прикривањето на фактот дека животните и тоа како страдале за време на снимањето.
„Холивуд рипортер“ пишува дека некои од „големите имиња“ на холивудската продукција сведочат на повредите и смртта на животните на сетот, повикувајќи се на тврдењето на поранешен агент во една лосанџелска организација за заштита на животните.
Над десетина риби и лигњи умреле поради експлозија, а биле дел од специјалните ефекти на снимањето на филмот „Пиратите од Карибите“.
Точно 27 животни, меѓу кои и овци, кози, умреле на сетот при снимањето на „Хобит“, од премор, дехидратација или давење, а четири коњи настрадале на снимањето на серијата „Luck“ за телевизијата HBO.
Тигарот - ѕвезда на филмот „Животот на Пи“, ќе се удавел сигурно во една од сцените, ако неговиот дресер не успеал да го извлече на брегот.
Сепак, на крајот од овие филмови се прикажува вообичаената порака: „Ниедно животно не е повредено во текот на снимањето на овој филм“.