Скриените таленти на славните личности
- Детали
- вторник, 26 ноември 2013
Дали знаете дека некои познати личности не се само добри актери, музичари и модели туку имаат и некои тајни таленти? За некои од нив веќе знаеме дека работеле и други професии пред да станат познати.
Но, овде покажуваат интересни таленти во кои се навистина добри и речиси професионални, иако ги користат само како свое хоби.
1. Боб Дилан иако ја има испеано „Like a rolling stone”, сепак она што е негов талент е моделирањето на челикот., кое го научил уште како мал.
2. Кристина Хендрикс знае да свири на хармоника. Таа вели дека тоа е романтичен инструмент со полн звук.
3. Колин Фарел знае одлично да игра ирски народни танци, кои ги играл за да заработи за живот додека живеел во Даблин.
4. Џина Дејвис е највешта во стрелаштво. Дури била и полуфиналист во Американскиот олимписки тим за стрелаштво во 1999 година.
5. Снуп Дог скоро сите го знаат како рапер, но родители и играчите на рагби тимот Pomona Steelers го знаат како тренер. Тој бил главен тренер и на младинските фудбалски тимови на неговите два сина.
6. Брус Вилис неговата кариера ја започнал со свирење на усна хармоника во R&B бендот Loose Goose. Тој се уште свири, а понекогаш оди и на турнеи со бендот The Accelators.
7. Сузан Сарандон обожува да игра пинг-понг, толку многу што таа е дури и ко-сопственик на клубот SpiN во Њујорк.
8. Харисон Форд приватно знае да управува и со авиони и со хеликоптери.
9. Стив Мартин сака да свири на бенџо. Толку многу го сака овој инструмент што дури има направено и натпревар и награда „ Steve Martin Prize for Excellence in Banjo“ за оние кои најдобро свират.