Канје Вест одржа предавање на Харвард
- Детали
- вторник, 19 ноември 2013
Популарниот Канје ги изненади студентите на Харвард кои студираат дизајн со ненајавена посета, веднаш пред неговиот концерт во Бостон.
Тој им одржа краток инспиративен говор на студентите, базиран на неговото искуство со личниот бренд DONDA.
„Само сакав да ви кажам: Навистина верувам дека светот може да биде спасен преку дизајнот, и сè треба да биде “архитектирано.” Верувам дека утопијата е возможна, но ние сме водени од најмалку благородна, достоинствена, пристојна и најглупава политика. Затоа, нема шанса да бидам политичар. Вообичаено сум многу директен, а тоа не би го можел ако се занимавам со политика. Затоа, навистина го ценам тоа што вие сте решиле да ги истакнете своите таленти и да не бидете мрзеливи за да креирате.“
Во меѓувреме, Ким постираше неколку фотографии на Инстаграм со опис: „Мојот мил држи говор на Харвард училиштето за дизајн!“