Мајли Сајрус запали џоинт на сцена (видео)
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2013
На синоќешното доделување на MTV EMA 2013 наградите, некои ликови не можеа да поминат без атракции или своевидни скандали. Мајли Сајрус не можеше да остане воздржана, а да не направи нешто по што ќе биде забележана.
Имено, последната награда која се додели за најдобар спот ѝ припадна токму неа за песната „Wrecking ball“. Кога излезе да ја прими наградата од својата чанта извади џоинт и го запали на сцена.
Иако Холандија е позната како послободна земја во која дрогата иако не е целосно легална, сепак пушачите не се казнуваат доколку користат мало количество или доколку купуваат во кафулињата каде се продава.
Сепак, по многуте блудности кои ги има изведено во јавност, таа е навистина лош пример за младите, особено за нејзините 20-годишни врсници, меѓу кои има и такви кои ја гледаат како идол.
Повеќе од сигурно е дека сето тоа го прави заради популарност, но веројатно треба да биде предупредена за тоа дека е пример на млада девојка каква што никоја не треба да биде.
Погледнете го видеото, па одлучете сами дали заслужува аплауз: