Непрепознатлива Рене Зелвегер: Пластична операција или...?
- Детали
- вторник, 05 ноември 2013
Обликувани образи и испеглано чело е новиот изглед со кој глумицата Рене Зелвегер (44) се појави неодамна на модната ревија во Њујорк. Денес е тотално различна од онаа што ја знаеме како Бриџит Џонс кога стана планетарно позната и омилена.
Иако нејзиниот менаџмент одбива да ги коментира очигледните промени во нејзиниот изглед, како и тоа дека се како последица на пластична операција, наспроти шпекулациите, сликите, приказните, Рене не обрнува многу внимание на озборувањата.
Всушност, таа ужива. Одлучи да се дистанцира од глумата, па повеќе се занимава со режија и продукција.
„Таа промена направи чудо за мене. Бев на раб на нервен слом додека снимав филмови. Морав да мислам на патувања, фустани, шминки. Тоа веќе не ме исполнува, но за среќа ја најдов работата која ме прави среќна. А и мојот љубовен живот се промени на подобро.“ – изјавила Рене.
Имено, сродната душа ја нашла кај гитаристот Дојл Брамхал, поранешното момче на Шерил Кроу, кој е поранешен хероински зависник, поради што многумина не верувале во успехот на нивната врска.
Се забавуваат скоро година дена, а бидејќи Рене е свесна дека ги надминала годините кога може да роди дете, затоа сега размислува за посвојување.
Тајната на нивната успешна врска е тоа што постојано работат на нивниот меѓусебен однос.
Дали ви се допаѓа повеќе како Бриџит Џонс или со новиот изглед?