Совршеното деколте на Кејт Хадсон
- Детали
- вторник, 05 ноември 2013
Скоро сите познати лица од Холивуд беа на годишната гала свеченост на „LACMA Art + Film“ која ја организираше модната куќа „Гучи“.
Настанот е во чест на славниот режисер Мртин Скорсезе, кој е омилен на многу глумици кои никогаш не ги одбиле неговите улоги.
Холивудската русокоса, Кејт Хадсон се потрудила да остане забележена и запаметена од режисерот.
Во тоалета на Гучи во беж боја, глумицата ги надмина своите колешки со храбриот избор на модел со длабоко деколте кое се спушта до папокот, а линијата ја следи сребрена ткаенина која му дава гламурозна нота.
За целосно да го насочи вниманието на фустанот, косата само ја врзала во пунџа, а шминката ѝ е сосем дискретна и едноставна.