Нова кралица на раскошните облини (фото)
- Детали
- среда, 02 октомври 2013
Витни Томпсон со причина го привлече светското внимание, по нејзината прва и најпозната фотосесија за долна облека. Како плус сајз модел, основаше и сајт за забава наменет на крупните жени со облини.
26-годишната Витни не се откажува од промоцијата на моделите со облини, па така се најде и во најновата кампања на модниот бренд Паначе.
Моделот често пати им препорачува на жените да го прифатат своето тело без оглед на големината и истакнува дека време е вистинските жени да добијат долна облека каква што заслужуваат.
„Како девојка со облини, секогаш ми беше тешко да најдам секси, а удобна долна облека која ми одговара. Тоа е причината зошто сум толку возбудена заради оваа нова колекција,“ изјави Витни.
Погледнете ја најновата кампања на Паначе со Витни во главна улога, која ретко кој ќе остави рамнодушен.