Доделени наградите „ЕMMY 2013“
- Детали
- понеделник, 23 септември 2013
Вчера, во Лос Анџелесд се одржа 65-тото издание на телевизиските награди „EMMY 2013“. Водител на шоуто беше одличниот Нил Патрик Харис, кој одлчино ја водеше целата манифестација.
Многу номинирани, но само по еден победник во секоја категорија. Иако имаше различни очекувања, желби и фаворити, некои беа посреќни и ја добија престижната златна статуетка, а некои беа среќни и со своите номинации. Сигурно има и такви коишто биле по малку разочарани, но следната година нè очекува следно возбудливо издание, можеби и со многу посилна конкуренција.
Следнава листа на победници ќе биде запишана во историјата на најголемата церемонија за доделување награди од телевизиската уметност:
Најдобра драма: „Breaking Bad“
Најдобра комедија: „Modern Family“
Најдобра мини-серија: „Behind the Candelabra“
Најдобра главна машка улога во мини-серија: Мајкл Даглас, „Behind the Candelabra“
Најдобра главна женса улога во мини-серија: Лаура Лини, „The Big C: Hereafter“
Најдобра споредна женска улога во мини-серија: Елен Барстин, „ Political Animals“
Најдобра споредна машка улога во мини-серија: Џејмс Кромвел, „ American Horror Story“
Најдобра лавна женска улога во драма: Клер Денс, „Homeland“
Најдобра главна машка улога во драма: Џеф Даниелс, „The Newsroom“
Најдобра споредна машка улога во драма: Боби Канавел, „Boardwalk Empire“
Најдобра споредна женска улога во драма: Ен Ган, „Breaking Bad“
Најдобра главна машка улога во комедија: Џим Парсон, „The Big Bang Theory“
Најдобра главна женска улога во комедија: Џулија Луис-Дрејфус, „Veep“
Најдобра споредна машка улога во комедија: Тони Хеил, „Veep“
Најдобра споредна женска улога во комедија: Мерит Вивер, „Nurse Jackie“
Најдобра кореографија: Дерек Хаф, „Dancing With the Stars“
Покрај доделувањето на наградите, за да се надополни целосниот впечаток на свеченоста, свој настап имаше и кантри пејачката Кери Андервуд, која ја воодушеви публиката и со својот изглед и со изведбата на легендарната „Yesterday“ од Битлси.