Анџелина Џоли ќе си го ризикува животот за уште едно дете
- Детали
- петок, 20 септември 2013
Некои медиуми шпекулираат дека глумицата Анџелина Џоли сака да има уште едно биолошко дете со Бред Пит. На тој начин таа го ризикува својот живот со тоа што се изложува на голем ризик бидејќи ја чека уште една сериозна операција на јајниците.
Во почетокот на годината таа имала сериозна хирушка интервенција во која заради големите шанси да заболи од рак на градите, направила двојна мастектомија. Заради малите, но постоечки шанси да заболи од рак на јајниците, Анџелина одлучила да се подложи на уште една операција во скоро време.
Од нејзини блиски извори се дознава дека убавата глумица одлучила да ја одложи планираната операција на јајниците за да може да забремени и да добие уште едно дете со Бред Пит.
„Љубовта која ја чувствува за своето семејство нема граници, но ова навистина може да го загрози нејзиниот живот“, открил изворот.
Докторите ја советувале дека треба што поскоро да се одлучи за операцијата на јајниците, за да не ризикува со чекање.