Бијонсе за 10 дена потрошила $65.000 долари во Бразил
- Детали
- петок, 20 септември 2013
Бијонсе навистина знае да ужива. За 10-дневен одмор во Бразил платила $65.000 долари за вила во која се одмора додека е на својата турнеја „Мис Картер Шоу“ во Јужна Америка.
Триесет и двегодишната ѕвезда Бијонсе се сместила во резиденцијата на грофицата Џорџина Брандолини, која се наоѓа на обалата во рибарското село Транкосо во бразилската држава Баији.
Пред Бијонсе, ова место го посетувале и Наоми Кемпбел, Жизел Бундшен и Метју Меконеј.
Пејачката плаќала повеќе од $6.000 долари дневно, сама готвела и водела грижа за куќата, со мала помош на својата мајка Тина Ноулс и оние кои ја следат на нејзината турнеја.
Палатата Брандолини има 8 спални соби, кокосови палми во градината, стаклени ѕидови, неколку тераси, една соба без покрив и базен долг 25 метри.
Посетителите мораат да поминат преку мост како би дошле до базенот, а под мостот тече природен поток.
Бијонсе објавувала фотографии на својот „Тамблр“ и „Инстаграм“ профил, а на нив се гледа како ужива во крстарењето, се забавува на плажа и се дружи со тамошното население.