Единствената дама која старее достоинствено (фото)
- Детали
- четврток, 12 септември 2013
На актуелната модна недела во Њујорк, помеѓу самиот моден врв, се појави и 48 годишната Брук Шилдс која ги засени сите останати со своето присуство.
Таа се појави за да ја проследи модната реција на Денис Бассо, а за оваа прилика одбрала зелен фустан со А крој која ја искомбинира со плик чанта од змиска кожа.
Иако изборот на фустанот и целосниот изглед не е претерано спектакуларен, привлече огромно внимание со тоа што не ги сокри своите бори.
Можеби е и единствената која покажа дека не се полни со ботокс кога и да стигне, а притоа изгледа беспрекорно.
Иако на нејзиниот лик се видливи траговите кои годините ги оставиле, нејзината достоинственост и сигурност ја прави попривлечна од било кога, па дури и во друштво на многу помлади нејзини колешки.