Лејди Гага и посвети песна на Донатела Версаче
- Детали
- четврток, 29 август 2013
На новиот албум на Лејди Гага наречен ARTPOP се наоѓа и песна посветена на славната италијанска модна дизајнерка Донатела Версаче. Гага и Донатела изгледа се пријателки и тоа многу добри.
Гага веднаш се огласи со изјава дека оваа песна се однесува на Донатела како личност, а не славна дизајнерка како што многумина ја нарекуваат.
„Песната е неверојатно енергична и забавна со електронски бит кој ве подига, а зборува за незапирлива жена која не ја интересира што луѓето мислат и зборуваат, туку е горда на она што е,“ изјави Лејди Гага.
Дел од текстот гласи: "Donatella, maybe she's a bitch, maybe she's too skinny, maybe she's too rich, maybe she's too out there. Or, maybe she's brilliant, maybe she's intelligent, maybe she's strong, maybe she's everything, maybe she's Donatella."