Каде летуваат познатите?
- Детали
- среда, 31 јули 2013
Нивните летувања се малку поинакви од сите останати и тоа добро го знаеме. Снимања, трачеви, тренинзи, третмани - навистина треба одмор од напорното секојдневие. Затоа, летото им е драгоцено време кое го минуваат трошејќи ги наталожените милиони.
А, каде решиле да одат ова лето?
Миранда Кер и Орландо Блум веќе неколку сезони се враќаат во Four Seasons ресортот на Бора Бора, исто како и Кристин Биел, Кристин Дејвис и голем број на млади ѕвезди кои луксузот им е во преден план.
Ѕвездите кои имаат голема желба за младалашки забави, престојуваат во некој од елитните ресорти во Мексико, Лос Кабос. Ова лето Мексико го одбрале Џенифер Анистон и Кристина Агилера.
Џорџ Клуни го обожава езерото Комо и притоа со себе ги носи сите свои пријатели. Речиси никој нема пристап до местото каде Џорџ Клуни е сместен, поточно до вилата d’Estе, која е потполно недостапна за папараците. На езерото Комо сакаат да уживаат и Арнолд Шварценегер, Робин Вилијамс и Ралф Лорен.
На Француските Кариби се наоѓа островот Сент Бартс кој располага со 21 бела, песочна плажа. Оваа година на Карибите ќе отпатуваат Гвен Стефани и нејзиниот сопруг, како и Линзди Лохан, Бијонсе и Џеј Зи.
За Парис Хилтон, Бритни Спирс и Опра, Хаваите се задолжителна дестинација, речиси секоја година. Тие одбираат да уживаат во магијата на Мауи кој е познат по луксузните јахти, нуркањето и излежувањето на песочните плажи.
Мајами оваа сезона е најпривлечен за Ријана, Селена Гомез, Дејвид Бекам и Мет Дејмон. Речиси сите поседуваат по една луксузна вила во Мајами, па не е ни чудо што повторно му се враќаат секоја година.