Како изгледа еден ден на Викторија Бекам

Ако мислевте дека Викторија Бекам само се излежува покрај базенот и купува во скапи и префинети бутици, погрешивте. Госпоѓа Бекам и тоа како знае што значи брз работен ден.

kako-izgleda-eden-den-na-victoria-beckham-01

06.15

Се будам некаде помеѓу 06.15 и 06.30. Со оглед на тоа дека имам четири деца, секогаш рано станувам. Секогаш се будам сама, но имам аларм за секој случај. Потоа одам под туш бидејќи децата ги будам во 7 часот, па доволен ми е половина час за себе. Се туширам, чистам лице и истовремено ги читам меиловите. Би сакала да можам да легнам во купка, но немам време. Том Форд ужива во полна када 4 пати дневно. Генијално!

За појадок обично јадам овошје, пијам чај од пеперминт и дупло еспресо. Грицкам додека на децата им давам појадок. За тоа време сите вежбаат правопис и одржуваат квизови. Се препрашуваме едни други и се забавуваме. Да, имам 38 години и сè уште помагам во домашните задачи.

07.50

Го напуштаме домот. Сите одат во различни училишта, па затоа јас возам еден или двајца, а Дејвид ги превзема останатите.

08.50

Одам на работа. Моето студио е во Batterseau. Најпрво се наоѓам со својот тим. Имам 80тина луѓе во студиото, а потоа ги поверувам сите детали за мојата најнова колекција. Моментално сум многу зафатена околу интернет страната.

13.00

За време на паузата имам службен ручек со своите колеги. Најчесто нарачуваме суши. Сакам зелени сокови и останата здрава храна. По ручекот одиме на снимање.

16.00

Во 16 часот заминувам од канцеларијата, одам по децата и ги разнесувам на активностите кои им следуваат по училиштето. Потоа следи пишување на домашни задачи, кои инаку ги обожавам!

19.00

Дејвид и јас обожаваме кога одиме на вечера, без оглед дали одиме сами или со децата. Одиме насекаде – италијански ресторани, француски, кинески... Кога не сме излезени, сакаме да ја имаме таа вечера во домот и да се дружиме. Често пати и се собираме пред телевизорот, ако видиме дека има некој интересен филм.

21.00

Бруклин не заспива пред 21, 21.30 часот. А откако сите ќе заспијат, Дејвид и јас конечно имаме малку време за себе.

24.00

Во кревет одам измеѓу полноќ и 01.00 часот. Би сакала да спијам многу повеќе ако можам, но кога си мама...

Би можело да ве интересира:

Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg